Tелето со три очи кое го слават во Индија како духовен водич се родило пред две недели. Сите го поздравуваат гледајќи на него како на религиска икона.

Гордиот сопственик Мегала го опишал бебето Шива како чудо, додека многумина веруваат дека телето е реинкарнација на Хинду богот Шива кој исто така имал три очи. Телето станало главна атракција во Тамил Наду, јужна Индија, каде што стотици луѓе се собираат да го видат “божеството” и да му се помолат.
Хинду децата го допираат слаткото животинче по главата, верувајќи дека тоа ќе им донесе среќа. Во Хиндуизмот, Шива се смета за еден од основните богови и покровител на јогата и уметноста.









