“Блиц” пишува и дека ги тепале 10 минути во соседниот ходник… Наводно специјалците биле лути на војската бидејќи Воената полиција ги снимала со камери. Снимката, како што пишува “Блиц” е во сопственост на српската влада која денес би требало да ја објави.
Да се потсетиме, покрај Андреј Вучиќ, претепан е и братот на београдскиот градоначалник Предраг Мали. Според една верзија на случувања тие се обиделе да ги пробијат полициските кордони, а според други одбиле да се легитимираат, барем така се пишувало до сега. Што точно се случило, најверојатно ќе открие новата снимка.
На снимката која во неделата ја објави N1 Телевизија, се гледа како група на полицајци се залетуваат кон Вучиќ и неговата придружба и ги удираат со пендреци по глава и по грб. Еден од припадниците на осигурувањето се обидува да го заштити Вучиќ и го одведува подалеку, но специјалците одат по нив и продолжуваат да го удираат Вучиќ кој од ударите паѓа на земја.