Застрелан познат српски бизнисмен, лекарите се борат за неговиот живот


Познатиот српски бизнисмен Милан Беко попладнево е застрелан со два куршуми во стомакот, јавуваат српските медиуми. Нападот се случил пред неговиот дом во белградската населба Сењак.

Беко итно е префрлен на Ургентниот центар и операцијата е во тек. За сега нема информација за неговата состојба, ниту кој пукал во него.

beko-foto500

Милан Беко важи за еден од најбогатите луѓе во Србија. Моќниот бизнисмен е и поранешен српски министер за приватизација.

Вредноста на неговиот имот никогаш не е точно проценета, но неговото име се поврзува со сопственост во неколку големи српски компании. На интернет страницата на бизнис клубот „Привредник“, во кој е член Беко, тој се споменува како претседател на инвестициската холдинг компанија Ладерна.

Неодамна водеше интензивни преговори со српската Влада за да биде именуван за нов директор на српската Железница, но преговорите пропаднаа кон крајот на минатиот месец.

Според информациите во српските медиуми, Владата се откажала од неговото назначување откако се утврдило дека тој е поврзан со преку 40-тина фирми од Србија, Панама, Шпанија, Швајцарија и Луксембург, меѓу кои и такви кои се отворени во оф-шор зони, а во неговата мрежа се наоѓале и неколку банки.

Името на Милан Беко неодамна се споменуваше и како еден од најголемите должници за данок во Србија. Тој се најде на т.н. „црна листа“ на српската Даночна управа како сопственик на белградското пристаниште, со даночен долг од речиси една милијарда динари (околу 8,3 милиони евра).

Член е на Советот за унапредување на економските односи меѓу Србија и Италија. Оженет е и татко на четири деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1