Е во ова денешно профитно лудило телекомуникациските компании не знаат што прават. Три дена по смртта на Дарел Далзиел, неговиот син се јавил во T-Mobile, за да го откаже телефонот на татко си, се наведува во извештајот на KCBS news.
Но компанијата продолжила да испраќа телефонски сметки. Откако семејството испратило и писмен доказ за смртта на корисникот, од T-Mobile не само што не престанале да испраќаат сметки, туку и покренале постапка за наплата од имотот на Далзиел, со извршители.
Профитот над луѓето вели Ерик Ратинов од канцеларијата за правата на потрошувачите во Калифорнија, едноставно да му се слоши на човек.
По три месеци „пазарење“, компанијата се вразумила, ги повлекла сите барања. Иако оттаму го коментираат овој случај како „изолиран инцидент“ уште најмалу еден корисник имал слично искуство. Сепак од T- Mobile уверуваат, тие се далеку почуствителни отколку што се прикажани во случајов.