Нема наследство ако не си женет – тестамент одмазда на татко кон синот хомосексуалец


Нема наследство за ниту едно од децата на Роберт, доколку не е во брак со нивната мајка во рок од шест месеци по нивното раѓање, ова стои во тестаментот на основачот на компанијата за ID верификација Intelli-Check, Френк Манделбаум.

Мошне конзервативен услов со оглед на фактот што 47 годишниот син на Френк, Роберт е хомосексуалец. Откако Њујорк со закон дозволи, во 2011 година Роберт стапи во брак со Џонатан, имаат и дете, од сурогат мајка. Роберт и Џонатан сметаат дека нивниот син Купер заслужува дел од наследството „тешко“ околу 180 илјади долари.

Се обидуваат судски да докажат дека тестаментот на Френк е дискриминирачки и противзаконски. Адвокатот на парот вели несомнено е дека Френк на овој начин се обидува да го примора својот син да склучи брак со жена. Но, адвокатите на починатиот пак велат тестаментот е желба на починатиот кој неможе да биде подложен на законско толкување. Таткото бил јасен – сакаш наследство мора да се ожениш – не се ожениш, нема наследство.

Френк Манделбаум почина во 2007 та година, имаше 73 години. Никогаш не ја прифати хомосексуалноста на својот син.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1