Со предлог законот за бранители, ВМРО-ДПМНЕ го крши Мајскиот договор со ДУИ, што може да предизвика оваа партија да излезе од Владата, тврди генералниот секретар на ДУИ, Абдулаќим Адеми, за порталот Порталб, пренесува плус инфо.
Според порталот Порталб, ДУИ се наоѓа во позиција повеќе да не попушта, ако не се прифатат амандманите на ДУИ.
Во текот на преговорите за формирање на Владата, ВМРО – ДПМНЕ се согласила да не се покренува прашањето за конфликтот во 2001 година потсетува Адеми.
Предлог законот за бранителите утре ќе влезе во собраниска процедура.