Мислите дека организаторите на борби со кучиња се за осуда? Тоа не е ништо во споредба со сценариото : вашето тригодишно дете во тепачка организирана од воспитувачките во градинка.
Тијана Харис(19), Естефанија Мајерс(21) и Лиса Паркер(47) од Делавер (САД), се обвинети за поттикнување насилство меѓу децата што ги чувале. На мобилен телефон сопственост на една од воспитувачките, јасно се гледа тепачка меѓу тригодишници, едниот од „борачите“ плаче и се обидува да побегне, залудно, Лиса Паркер го примора да продолжи.
Од полицијата велат очигледно е дека обвинетите не само што не ја спречиле тепачката, напротив ги стимулираат децата да продолжат да се повредуваат. Градинката привремено е затворена, одземена и е дозволата за работа.
Полицијата организирала состанок за родителите чии деца ја посетувале градинката, се разговарало за следните чекори поврзани со инцидентот.
Воспитувачките се пуштени од притвор, откако платиле по 10.000 долари. Ако има правда ќе завршат зад решетки, па таму ќе можат да се изнагледаат тепачки, па и да учествуваат во нив.