Може ли умот да го победи телото?


Плацебо ефектот одамна е познат како феномен од кој организмот има одредена реакција без оправдани причини.

– Мене тоа ми се случи кога мојата пријателка наместо лек за главоболка се збуни и ми даде сода бикарбона. Јас не видов што ставив, го испив верувајќи дека тоа е лек против главоболка. И, навистина престана да ме боли главата, изјавила психологот Мајда Ријавец.

Истражувањата покажале дека спортистите кои се уверени дека примаат допинг , а всушност не примаат имаат подобрени резултати. Уверувањето е толку силно што мотивира поедини центри во мозокот, а мозокот информацијата ја пренесува во другите органи. Па така без реална причина или некаква активна супстанца, како што е лекот, организмот само го произведува ефектот на заздравување и подобрување.

– Вие можете да доживеете феномен како што е промена на фрекфенцијата на работата на срцето, промена на разни хормони, промена на концентрација на шеќер во крвта, а истовремено и промена на перцепцијата за вашата состојба и одеднаш да изјавите дека пред малку ве болело многу повеќе, изјавил фармакологот проф.Д-р. Владимир Тркуља.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1