Јапонска ефикасност: Доколку скокнете под воз вашето семејство плаќа!


Овој вид на самоубиство е популарна техника за Јапонија бидејќи претставува најмала пречка за семејството на починатиот. Меѓутоа не и за железницата бидејќи лицето кое извршило самоубиство на овој начин го забавува сообраќајот и по неколку часа.

Јапонија е една од земјите со најголема стапка на самоубиства и се наоѓа на седмо место во светот. Ова се смета за голем проблем бидејќи најголемиот број самоубиства го прават мажи помеѓу 20 и 44 години.

Најчести причини се пари, депресија и социјален притисок.

Железницата вовела одредени мерки за намалување на бројот на самоубиства на овој начин. Една од нив е казнување на семејството на починатиот со дури 12 илјади американски долари, како тагата да не е доволна.

Поставиле и сини лед светилки на станиците кои имаат смирувачки ефект врз самоубијците.

Исто така почнале и да поставуваат врати на станиците кои ги задржуваат патниците се додека не стигне возот.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1