Трагедија: Внукот се удавил во Сава, дедото се обесил поради тоа


С.Ј. (11) се удавил во Сава, а неговиот дедо Владимир (60), скршен од тага и болка, неможејќи да ја преболи смртта на внукот за време на ноќта се обесил во дворот на семејната куќа.

Големата трагедија се случила во населбата Бољевци близу Белград.

Како што неофицијално се дознава од српските медиуми, дедото и внукот вчера попладнето отишле на Сава. Околу 16 часот момчето скокнало во водата но не испливало на површината. Давењето било пријавено во полиција во 17 часот. На местото веднаш дошле нуркачки екипи кои до крајот на денот безуспешно го барале телото на детето.

Дедото Владимир Јовановиќ, скршен од болка за време на ноќта си пресудил самиот и се обесил во дворот на семејната куќа.

 

Share Button

Tags: , , , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1