ФОТО: Големата тајна што се крие во Македонското собрание!


Ако случајно го погледнете Собранието од птичја перспектива, ќе забележите дека тоа, всушност, е еден пентаграм. Во случајов, српската, поправо, колонијалната власт на Вардарска бановина конструирала политичка институција во форма на пентаграм, но ставен во крајно субмисивна позиција.Sobranie2-490x367

Прво, едната страна е скршена, со што му е оневозможена наполна дистрибуција на моќта и на тој начин овој конструкт е ставен во зависна и сервилна позиција во однос на супериорната институција на моќта позиционирана во Белград. Потоа, неговата географска поставеност, каде што базата на овој пентаграм е свртена кон север, а врвот кон југ.

Со тоа, овој и така исфрустриран и скршен пентаграм е поставен наопаку, во сатанистички контекст, каде што спиритуалнтата страна или страната на „боговите“, т.е. северната страна, онаа која тежнее нагоре, кон небесата, ја добива инертната и ирелевантната база на пентаграмот, а врвот и тежнението кон реализација на волјата на народот и моќта е свртен кон југ, што во херметиката ја одразува материјалистичката и телесната страна на постоењето.

Така, всушност, се создаваат робови и поданици. Масите да се насочат кон материјализмот и консумеризмот, а доблестите и спиритуалноста да се потиснат до заборав и непостоење.Sobranie1-490x408

“Некои сметаат дека и зградата на Собранието на РМ крие своевидна симболика. Зградата е подигната да служи како седиште на банската управа, што значи инкарнација на власта од Белград. Гледана одгоре, зградата е во форма на петтоаголник, што за слободните ѕидари има симболично значење.Sobranie3-490x214

Таа форма се нарекува “огнената ѕвезда” и го симболизира преминувањето на калфите во мајсторски степен.” Масони – Бревијар за Древното Братство од Јован Бригиски, издадена од Култура

Лоза.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1