ВИДЕО: Пејачката Ивана откако ја испеала песната во живо добила срцев удар


Откако во текот на гостувањето во телевизиската шоу програма ја отпеала легендарната песна „Јаничар“, Ивана Петерс се пожалила дека не се чувствува добро, пишува српски „Блиц“.

Ивана Петерс од српскиот бенд „Негатив“ прво со својата одлична изведба на песната „Јаничар“ ја воодушевила публиката, а потоа следувал шок, кога е објавена веста дека пејачката доживеала срцев удар.

ivana-negativ01rasfoto-zoran-loncarevic_f
По снимањето Ивана отишла во шминкерницата и на пријателите им рекла дека не се чувствува добро.

Бидејќи знаеле дека таа инаку не е со добро здравје го повикале нејзиниот поранешен сопруг Александар кој веднаш дошол, затоа што чувствувал и знаел дека нешто сериозно е во прашање.

По Ивана тогаш дошла Итна помош и таа била одведена во болница каде била оперирана. Во болницата се задржала неколку дена, а потоа ја отпуштиле на домашно лекување.

Милан Златановиќ Змолен, пријател на пејачката и поранешен гитарист на бендот „Негатив“, потврдил дека Ивана по операцијата се чувствува се подобро. Тој открил и дека Ивана инфарктот го сфатила како опомена да закочи и да ги одреди приоритетите во животот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1