Заев – нова бомба: Ја разоткриваме слугинската улога на медиумите


Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска ја објави 24-та т.н. „бомба“, која се занимава со медиумите и нивните врски со власта.

Ќе видите како кај Јанкулоска има список за новинари во МРТ. Премиерот поставувал дописници во САД и Грција. Како оваа телевизија се однесувала кон новинарите од А1 и како барале да се „баци“ рака за да се примат во МРТ, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, презентирајќи ги првите снимки од разговори, на како што рече, премиерот, министри и Протугер.

zaev sdsm

– Денеска го отвораме и пакетот кој ќе ја покаже спрегата на Никола Груевски и со приватните медиуми, за контролата врз газдите врз на Канал 5 и Сител, Емил Стојменов и Горан Иванов. Ќе видите до каде овие сопственици на телевизии се подготвени да се свиткаат пред Никола Груевски само за да му се додворат и да добијат некој бизнис. Ќе видите како тоа се прави преку главните уредници на телевизиите, рече Заев.

Во првиот разговор, кој го објави Заев, се слуша како наводно премиерот Никола Груевски го бара тефтерот со листа на новинари кои треба да се примат во Македонската радиотелевизија. Според Заев, премиерот поставувал дописници во Вашингтон и Атина.

Лидерот на СДСМ, илустрирајќи ги своите наводи за „диктат на власта врз Сител и Канал 5“, денеска нагласи:

„Протуѓер бара од Стојменов да не објави анкета која не и одговара на власта, да се тргне интервју на Лидија Богатинова со Денко Малевски, Канал 5 да го преземе интервјуто на Нетпрес со Магаш, Протуѓер решил Латас да го награди со ексклузивка, за Ставрески, Миленко е тежок хохштаплер и треба да заврши во затвор, а Груевски нарачал и напишал текст против Орце Камчев.“

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1