УЈП воведе он-лајн плаќање на радиодифузна такса


Управата за јавни приходи (УЈП) воведе он-лајн плаќање и проверка на платени и неплатени решенија за радиодифузна такса.

Регистрацијата за е-Радиодифузна такса е бесплатна и не е потребен дигитален сертификат.Се креира сопствен кориснички профил на https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_rdt.jsp со избор на менито „Регистрирај се“ и потоа се следи процедурата.UJP

Граѓаните кои се регистрирани во системот за е-Даноци со дигитален сертификат,не треба дополнително да се регистрираат, туку само ја внесуваат интерната шифра од МРТ во сопствениот профил и автоматски им се овозможува користењето на електронските сервиси за РДТ.

Електронското плаќање на Радиодифузна такса за физичките лица е овозможено со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка (кредитна и дебитна) издадена од домашна банка.

Со мобилната апликација мТАX на Управата за јавни приходи, можете да вршите увид во евиденцијата и преглед на платени и неплатени решенија за РДТ од вашите „паметни телефони и таблети“.

Мобилната апликација мТАX е бесплатна и може да ја користат сите регистрирани корисници на системот е-Даноци на УЈП, со или без дигитален сертификат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1