Боби Кристина се разбуди од кома


Ќерката на Витни Хјустон, Боби Кристина (21) е будна и не е повеќе на апарати, радосната вест ја објавил  нејзиниот татко Боби Браун.

Откако пред два месеци беше пронајдена онесвестена во во својот дом, девојката беше во индуцирана кома. Наспроти неповолните прогнози, нејзиното семејство не ја губеше надежта во нејзиното закрепнување, а нејзиниот татко не сакал да слушне за друго сценарио освен таа да застане на своите нозе, пренесуваат американските медиуми.

bobi-kristina-bolnica-ap-rojters-1422775439-612891

Во меѓувреме, Кристина е префрлена во стационар, а сега се чини дека нејзината состојба конечно почнала да се подобрува. Нејзиниот татко Боби Браун во саботата ги изненадил фановите во „Вержн театарот“ во Далас, каде настапил на концертот на Френки Беверли.

– Можам да кажам дека Боби Кристина е будна. Ме гледа! – објавил пресреќниот татко.

Неговата сестра Тина Браун ден подоцна на Фејсбук објавила:
„Толку многу пораки, извинете не можам да одговрам на сите нив , но подоцна ќе ви се посветам. Само допуштете ми да бидам со своето семејство. Да таа се разбуди и веќе не е на апарати . Бог е добар. Ви благодарам за молитвите, долг пат е пред нас, но ќе биде добро!“

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1