Демонстрантите почнаа да фрлаат јајца кон зградата на собранието


Присутните демонстранти започнаа да фрлаат јајца кон зградата на собранието.

Тие пред да започнат да фрлаат, одадоа едноминутен молк за Мартин Нешкоски. Братот на Мартин, Александар одржа говор на кој ги повика присутните секој ден да доаѓаат во шест часот попладне, бидејќи како што рече, тоа што му се случило на Мартин можело да му се случи на секој од нив.PROT3
Тој истакна дека секој може да биде на неговото место. Кога демонстрантите пристигнаа пред собранието седеа на земја и палеа свеќи за младиот Мартин. Во толпата забележани се и истакнати членови на опозицијата.

Откако полицијата добро ја обезбеди зградата на владата и не им дозволи на демонстрантите да протестираат пред неа, сега, стотици граѓани протестираат пред собранието на Република МакедонијаPROT5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1