Амбасадорите на Норвешка и Филипини во Исламабад загинаа денеска откако се урна хеликоптерот со кој се превезувале во североисточен Пакистан.
Меѓу шесте жртви се и сопругите на амбасадорите на Малезија и Индонезија.
Во несреќата загинаа и двајцата пилоти на хеликоптерот Ми-17, соопшти пакистанската армија.