Според последните информации кои ги соопшти министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, во вооружената престрелка во Куманово загинаа 5 припадници на безбедносните сили а над 30 се повредени. Јанкуловска ги соопшти имињата на тројца загинати -Жарко Кузмановски од тетовското село Брвеница (32), женет и татко на две деца, Сашо Самоиловски од Тетово (32), женет и татко на две деца и Ненад Серафимовски од гостиварско Зубовце (28). За останатите двајца изјави дека е во тек информирањето на нивните семејства – едниот E од Гостивар, а другиот од Штип
„Сите тие се бореа против тероститичката акција, за жал се уште трае операцијата на терен се додека последниот терорист не биде неутрализиран. Утринава почнавме акција со терористичката група која имала за цел напади на државни институции. Колку се тие опасни покажува што цели 16 часа даваа отпори. Отпорот на поголем дел од групата е совладан по 18 часот и поголем дел од групата с е предаде“, изјави Јанкуловска.
Единиците на терористите породолжија да дејствуваат , дел и од ова група се предаде,а остатокот продолжи уште пожестоко и тука настрадаа нашите колеги. Ситуацијата и понатаму е високо ризична, соопшти Јанкуловска