Последно збогум последна почест – поворка од пред домот на 32-годишниот Сашо Самоиловски, кој го даде животот во акцијата за сузбивање на терористичката група во Дива населба, Куманово, го испрати до вечниот дом .
Роднините и пријателите на Сашо се простија од загинатиот чие тело беше положено на тетовските гробишта.
Триесет и две годишниот Сашо Самоиловски е родум од Брвеница, а подолго време живеел во Тетово и бил бранител во конфликтот од 2001 година.
Зад себе остави сопруга и две деца.
Тетовци ја чувствуваат огромната болка и тага од трагичната загуба и се скршени од болка.