Заев: Сите наши активисти, ќе сликаат и снимаат со телефоните можен чекор за насилство


Прашан за тоа како Заев ги коментира обвинувањата дека во недела СДСМ спрема насилство на протестот, претседателот на СДСМ изјави дека партијата нема да дозволи никој да се срами.

zaev

– Уште еднаш јавно повикувам, сите слободоумни граѓани да се приклучат на мирен и ненасилен протест, којшто со сите можни средства, аргументи и можности коишто ги има опозицијата, ќе го организира да биде мирен и ненасилен. Што значи тоа, ќе се обратат европски пратеници, нема да дозволиме никој да се срами. Сите наши активисти, ќе сликаат и снимаат со телефоните можен чекор за насилство.

Ќе имаме тампон зона од млади активисти, помеѓу полицајците и сите оние коишто ќе протестираат и на протестот ќе има обраќање, нема да има директно соочување со полиција, со протестанти што се случува секој ден. Тоа е протест во којшто ќе има обраќање на многу луѓе. Така да најавуваме еден прекрасен протест, којшто за прв пат во Република Македонија ќе биде прекрасен заради тоа што ќе биде мултиетнички и заради тоа што ќе биде масовен каков што досега Македонија немала.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1