Облечен во црно-бела елегантна комбинација со кремаст мантил, придружен од пратечките вокали, членовите на групата МЕРЧ, Даниел ја имаше својата прва проба во Виена.
На евровизиската сцена нема да има некоја посебна кореографија и танчари, туку целосно вниманието ќе биде концентрирано на Даниел, неговиот одличен вокал и оние кои ќе го придружуваат.
Тој има свои специфични движења кои се вклопени во скромната кореографија која ја изведуваат пратечките вокали.
Во позадина се проектирани есенски лисја кои паѓаат за да ја доловат целосната атмосфера и приказна од песната.
Погледнете ја пробата, која се надеваме дека на настапот ќе изгледа многу поенергично и помоќно:
Црнобело.ком.мк