Избеганиот терорист: Не се предадовме на полиција, мислевме дека “OEBS” ќе не преземе и носи на Косово (Видео)


Сулејман Османи, терорист кој се борел во Куманово, а потоа побегнал од полицијата, изјавил за “RTK” дека целта на таа група била создавање на албанска држава внатре во Македонија, според принципот на Република Српска во Бих.

Според неговите зборови, групата броела повеќе од две илјади борци, пренесува Novamagazin.rs.

izbegan terorist

Османи рекол дека не се предале поради тоа што снемале муниција, туку поради тоа што еден од неговите пријатели разговарал со некого на телефон, и дека му било кажано дека во населбата пристигнале и претставници на OEBS, изјавил тој за интервјуто на RTK.

“Мислевме дека ќе не преземе “OEBS”, а не полицијата. Да знаевме немаше да се предадеме, туку ќе се боревме додека не умреме сите”, рекол Османи.

По апсењето тој бил принуден да го покаже местото на кое било сокриено оружјето од Гошинце, од каде успеал да ѝ побегне на полицијата.

Македонската полиција соопштила дека интензивно трага за бегалецот.

Точка.ком.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1