Јуве доби 420.000 евра од УЕФА


Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) му плати отштета на Јувентус од 420.000 евра поради повредата на Џорџо Кјелини за време на ЕП 2012.

Дефанзивниот играч на „старата дама“ се здоби со повреда во мускулот на ногата во натпреварот со Република Ирска во третото коло од фазата во групи што „азурите“ го добија со 2:0. Отштетата е исплатена врз основа на договорот меѓу УЕФА и Европската клупска асоцијација што беше постигнат во март.

Tags: , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1