Гвардиола нов селектор на Русија?


Фудбалскиот сојуз на Русија (ФСР) се вклучи во трката за Пеп Гвардиола како наследник на Дик Адвокат на кормилото на „зборнаја“.

Според „Спорт експрес“ трофејниот стручњак моментно е во Москва, но не во туристичка посета на градот туку наводно да преговара за преземање на националниот фудбалски тим. Адвокат и ФСР се разделија по дебаклот на „зборнаја“ на ЕП 2012 и нејзината елиминација уште во групната фаза, а Холанѓанецот во меѓувреме стана тренер во холандски ПСВ Ајндховен.

Доскорешниот тренер на Барселона веќе бил во контакт со поранешниот претседател на ФСР, Сергеј Фурсенко, со кого минатата недела наводно се договорил за новиот ангажман. Покрај Гвардиола како кандидати за селекторското место во руската репрезентација фигурираат и Фабио Капело и Лучијано Спалети.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1