Српскиот портал Телеграф.рс пренесува ставови на бројни домашни економски и политички експерти, како и сознанија од регионални разузнавачки служби, според кои заднината на оружениот судир во Куманово е во борбата за енергетска и економска превласт на Балканот, пренесува Прес24.
Коментаторите и познавачи на приликите во нашето опкружување се дека ЕУ се обидува со сите сили да го спречи градењето на гасоводот, со цел да ја намали зависноста од Русија и на тој начин да се заштити од руското политичко влијание.
Македонија, земја која се надеваше на толку посакуваната гасификација, која би ја донела со изградбата на Јужниот тек, извиси, кога тој проект на иницијатива на ЕУ беше откажан. Но, Македонија повторно виде шанса за себе откако Путин најави нов Турски тек, кој би требало да минува преку Турција, Грција, Македонија и Србија, и на тој начин од неважен играч, би била важен играч во целата оваа приказна.
Премиерот Никола Груевски истакна дека во тоа гледа нова шанса за гасификација на Македонија, како и за солидна заработка од преминот на гас преку нашата територија.
За жал, плановите и интересите на ЕУ се целосно спротивни од оние кои ги има Русија, или малкуте балкански земји.
Во прилог на тезата дека конфликтот во Македонија го искористи опозицијата како средство за остварување на интересите на ЕУ, е и изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој во Белград оцени дека нападите во Куманово се добро подготвени од страна на терористите.Истовремено опозицијата веќе еднаш на конференција на новинарите во Скопје, се изјасни против Турскиот тек, и ја критикуваше Владата дека прифатила скап проект.
ЕУ, според неговите зборови не треба да завзема кукавички став дека станува збор за поединечна епизода.
“Убеден сум дека Брисел знае, но дека за тоа ќе ја обвинат власта за неефикасните напори“, истакна Лавров.
Тој наведе дека овде може станува збор за менталитетот на конфронтација, но напомена дека тоа може се случува во контекст на одбивање на Македонија да воведе санкции на Русија и подготвеноста на Скопје да учествува во проектот „Турски тек“.
„Не можеме да го избегнеме чувството дека постои некаква врска“, нагласи Лавров и ја повика ЕУ да ја поддржи реализацијата на Турски тек кој би овозможил јакнење на енергетската безбедност на Европа.
Прес24