Еден од водачите на терористичката група во Куманово,Мирсад Ндрецај познат како командант НАТО лично убил тројца македонски полицајци – Бобан Ивановиќ, Исамедин Османи и Горан Илијевски.
Како што пишува српски “Телеграф“ во саботната борба на македонската полиција со терористите командант НАТО убил тројца македонски специјалци откако во моментот на предавање на дел од терористичката група, командант НАТО зад грбот на полицајците фрлил бомба која била фатална за тројцата македонски бранители.