Во раните попладневни часови се отстранети полициските блокади коишто од петокот беа поставени на двете улици во центарот на Куманово, на коишто се наоѓаат објекти на државни институции, судот и зградата на СВР Куманово.
Според граѓаните, сега слободно се одвива сообраќајот по улиците „11 Октовмри“ и „Тодор Велков“, кои од петокот беа блокирани. Исто така, не е забележливо зголемено присуство на полицијата во овој дел од Куманово.
Министерството за внатрешни работи во петокот соопшти дека споманатата блокада на сообраќајот е поради преземање мерки за зголемена безбедност во Куманово. На споменатите две улици се наоѓаат зградите на важни државни институции и установи, како судот, СВР Куманово, општината, подружницата на „Македонски пошти“, и неколку локални подружници на државни институции.
Комисија на Владата и на Општина Куманово започна проценка на штетите на домовите на населението, чии куќи беа оштетени и најавено е целосно покривање на штетите.