Петгодишниот А.Ј. од Ваљево кој падна од шести спрат и се бори за живот, бил сам во станот во кој живее со семејството. Како што пишува српскиот Курир, малото момченце кое преживеа пад од 20 метри, се уште е во болница и лекарите се борат за неговиот живот.
Несреќата се случила околу осум часот синоќа. Сосед кој го видел момчето веднаш притрчал да помогне. Повикал Брза помош која веднаш дошла.
– Го видов како лежи и веднаш истрчав да помогнам. Беше страшно,лежеше како да е мртов, вели соседот Предраг.
Детенцето било само во станот. Мајката која дошла за неколку минути веднаш се обидела да го реанимира додека лежело на плочникот.
Лекарите прават се што е во нивна можност да го спасат малото момче.