Британски џихадист кој заминал на боиште во Сирија да се бори на страната на Исламска држава е фатен како се обидува да намами малолетно девојче да му се придружи и да стане негова сопруга.
Во морничавиот разговор под лажно име Абу Антар тој на девојчето, за кое мисли дека има 15 години и дава детални упатства како може да побегне од семејството и да се упати на опасно патување до Блискиот исток.
Тој повеќе од една недела преку видео разговор и пораки се обидувал да ја намами тинејџерката и во еден момент и рекол: „Кога ќе те земам, ќе те земам како моја сопруга“. Меѓутоа, она што не го знаел е дека всушност под велот е канадска репортерка на тајна задача.
Истрагата покажала дека се работи за маж од Лондон кој се вика Ахмед Кантер. Тој е роден во Сомалија, а неговото семејство се преселило во Британија кога тој имал само шест месеци. Неговото семејство е во шок и рекле дека се подготвени да соработуваат со полицијата.
Во разговорите со фоторепортерката тој се фалел дека прокриумчарил уште 20 други џихадисти во Сирија.
Ја прекинала комуникацијата бидејќи ја запросил
Кантер ја запросил новинарката, за која мислел дека е петнаесетгодишно девојче по што почнале да комуницираат на „Скајп“. Репортерката одлучила да ја прекине комуникацијата откако Картер почнал да и врши притисок преку „Скајп“ да извршат исламска свадбена свеченост под назив никах.