Владимир Митревски – Ѓуле е студент по филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје инаку режисер на „Reddakh“, првиот документарен филм за македонската гејминг заедница. Приказна која никако не смеете да ја пропуштите.
Филмот ја раскажува вистинската приказна за Дуле a.k.a Reddakh, гејмер кој поради немаштијата ја игра по цел ден и цела ноќ онлајн играта Conquer. Дуле ги губи пријателите но наоѓа излез од тешката финансиска ситуација – успева да заработи пари играјќи. На крајот ќе си го врати животот назад.
Приказната е раскажана од страна на главниот лик во филмот, Дуле.
Во документарецот Дуле a.k.a Reddakh се разликува од другите гејмери поради својата неверојатна трагична приказна.
Филмот веќе се прикажувал на повеќе фестивали во Македонија, од кои, Skopje Film Festival, Asterfest i Makedox, испратен е на Македонски филмски фестивал во Нов Зеланд, и моментално e во преговори филмот да биде прикажан на филмскиот фестивал во Херцег Нови.
Погледнете го видеото.
Извор it.com.mk