Вистинско чудо: Слепа жена прогледа – вградено и е првото бионичко око


За прв пат во историјата научниците успеаа да и го вратат видот на слепа жена, имплатирајќи и Бионичко око.

Австралискиот дизајниран имплант, кој наликува на моделот направен во филмот во Терминатор, е многу веројатно дека може да им го промени животот на милиони луѓе со оштетен вид низ целиот свет.

Даен Ашвортх која страда од неизлечива билест, ретинитис пигментоза, го загубила речиси целосно видот, по што хирурзите од Royal Victorian Eye and Ear Hospital во Мелбурн, извршиле хируршкиот зафат.
По еден месец направата била вклучена.
„Не знаев што да очекувам, но, оддеднаш можев да забележам мал блесок. Беше неверојатно. Секој пат кога имаше некаква стимулација, можев да забележам различен облик кој што ми се појавуваше пред моето око“, изјавила Ашвортх.
Уредот се состои од 24 електроди кои што се поврзани со мрежницата. Секој пат кога ќе добијат сигнал од надворешниот свет, тие тоа го стимулираат во мрежницата, која пак испраќа импулс назад во мозокот.

Досега научниците го користеле Bionic окото за да креираат едноставни модели од дваесет и четири сигнали – како форми на дрво или куќа – и да забележат дали Ашвортх е во можност да ги идентификува.

Во текот на наредните 18 месеци, научниците ќе работат во лабораторија со Ашвортх и со уште двајца други пациенти со ограничен вид, со цел да ја усовршат ваквата направа. Следниот голем чекор е инсталирање на камера, така што пациентот ќе биде во состојба да добие репрезентивни реални објекти, не само на оние кои што ќе бидат инсталирани од стрна на научниците.


Дури и во оваа фаза, сигналите кои што ќе ги добие Ашвортх нема да бидат толку реални како кога човек со нормален вид би ги перцепирал, но одтаму велат дека целта на ваквиот изум е погодена.
„Она што ќе се обидеме да го направиме е да го вратиме видот во верзија која веројатно ќе му овозможи на пациентот работите да ги гледа во црн или бел облик. Она што ќе го имаме како приоритет ќе ни биде на пациентите да им дадеме еден вид на мобилност“, вели главниот хирург на ваквата постапка, Пени Ален.

Со поголем број на електроди, во мозокот кај слепите лица може да се добие подетална слика.
Сепак пронаоѓачите не се обидуваат да ја надоградуваат ваквата направа, со цел истата да не стане прескапа и да може да биде достапна за секого.
„Не сакаме да добиеме направа која што ќе биде премногу комплицирана да се инсталира при хируршкиот зафат“, вели Ален.
Светската здраствена организација вели дека 39 милиони луѓе во светот се слепи и речиси 250 милиони се со оштетен и слаб вид.
Bionic Vision Australia кој ги собра сите водечки научници, инжинери и хирурзи, е финансирана од страна на владата и се надева дека до 2014 година ваквите направи ќе бидат пуштени во продажба на светскиот пазар.

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1