А пушиш 20 цигари, а намалиш исто ти се фаќа


Пушењето повеќе од 20 цигари дневно за три пати ја зголемува шансата за големо оштетување на мозокот, но и покрај тоа оние кои пушеле и сега се обидуваат да се откажат од тутунот, се уште се за двапати повеќе изложени на ризик како и луѓето кои никогаш не пушеле.

Истражувачите во Кореја во периодот од 2002 до 2004 година спровеле истрага врз 426 случаи на субарахноидална хеморагија или крварење околу мозокот.

Пациентите биле споредени со група од исто толку луѓе кои немале проблеми со мозочно крварење. Во факторите кои влијаат за тоа дали ќе има или нема да има крварење во мозокот покрај тоа колку цигари се пушат дневно, огромно влијание имале уште неколку фактори меѓу кои и колку сол се користи при јадењето, тежина и семејна историја на дијабетес.

Сепак, пушачите во просек имаат 2,84 пати поголема веројатност да добијат крварење на мозокот отколку непушачите.

Д-р Ши Киунг Ким, од Националниот универзитет во Сеул за веснин посветен на неврологијата, неврохирургијата и психијатријата напишал: “Ние покажавме дека цигарите го зголемуваат ризикот од крварење во мозокот, но престанок со пушењето го намалува ризикот, но не спречува тоа да не се случи“.
Претходна долгорочни истражувања покажале дека ризикот од анеуризам кај поранешните пушачи исчезнува после 10 до 15 години.

Сепак, овие студии се смета за премногу ограничени или мали за да се донесе  сигурен заклучок.
Пушењето, исто така, може да доведе до трајни промени во структурата на ѕидовите на артериите, кои можат да бидат поизразени кај тешките пушачи.

Share Button

Tags: , , ,

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1