На улицата „Климент Охридски” во Струмица, во близина на кружниот тек на излезот кон Василево вечерва се случи сообраќајна незгода. Според порталот Струмица Денес, има неколку посериозно повредени лица.

Foto – Strumicadenes
Во сообраќајната незгода учествувале две возила од кое едно Пежо со штипски регистарски таблици, кое било свадбено украсено, и автомобил марка Мерцедес.
Како што пишува порталот и двата автомобили се целосно уништени, а се забележуваат делови од автомобилите и на неколку десетина метри одалеченост од местото на несреќата. Според очевидците еден од автомобилите направил погрешно свртување и со голема брзина му го пресекол патото на другото возило.
Полицијата прави увид на местото на настанот, а со возила на итната медицинска помош неколку лица се пренесени во струмичката болница.









