Дирекцијата за заштита и спасување од Тетово информира дека 8 градежни машини помагаат во расчистувањето на теренот од надојдената вода.
Состојбата се стабилизира, се намалуваат врнежите, водите од реката Пена полека се повлекуваат.
Дирекцијата апелира до граѓаните на зафатениот регион да го намалат движењето, особено со моторни возила освен ако тоа не е неопходно, за да се овозможи несметано движење на механизацијата која работи на терен.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
ТРАГЕДИЈА: 4 деца ЗАГИНАА во поплавите во Тетово – 3 потрупани од свлечишта, едно удавено