ТРАГЕДИЈА: 4 деца ЗАГИНАА во поплавите во Тетово – 3 потрупани од свлечишта, едно удавено


Четири деца и старец загинаа во поплавите во тетовско. Полицијата потврди дека во двор од куќа во Речица е потрупано 10-годишно дете. Свлечиштата во Шипковица однесоа уште четири животи. Според кажувањата на мештаните, три деца на возраст од 4, 5 и 13 години се затрупани од земја и камења во силните одрони, а настрадал и 80 – годишен старец, јавува Канал 5 .

Foto - meteopro.mk

Foto – meteopro.mk

Силните  дождови го преполнија коритото на реката Пена, која попладнево се  излеа и носеше сè пред себе.  Во моментот во градот работи градежната механизација , а поплавени се голем број куќи и подрумски простории. Поради надојдените води во прекин е  сообраќајот на патот Тетово- Јажинце.   Свлечиште предизвика  прекин  и на  патот Тетово – Попова шапка. Градоначалничката Теута Арифи одржа седница на кризниот штаб.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1