Пена се смирува, апел до граѓаните да го ограничат движењето


Дирекцијата за заштита и спасување од Тетово информира дека 8 градежни машини помагаат во расчистувањето на теренот од надојдената вода.

Состојбата се стабилизира, се намалуваат врнежите, водите од реката Пена полека се повлекуваат.topot1-735x400

Дирекцијата апелира до граѓаните на зафатениот регион да го намалат движењето, особено со моторни возила освен ако тоа не е неопходно, за да се овозможи несметано движење на механизацијата која работи на терен.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

ТРАГЕДИЈА: 4 деца ЗАГИНАА во поплавите во Тетово – 3 потрупани од свлечишта, едно удавено

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1