Околу 20 лица настрадаа при паѓање на два крана во близина на градот Алфен ан ден Рајн во западниот дел на Холандија, пренесува телевизискиот канал RTL Z.
Машините се користеле за реконструкција на мост, а се урнале во непосредна близина на станбени згради и продавници.
На местото на несреќата работат спасители, кои не ја исклучуваат можноста под урнатините да има уште луѓе.
Причините кои доведоа до падот на градежната техника, се уште не се познати.