Вчера околу 16,00 часот во ГОБ„Св.Наум Охридски“-Скопје, била донесена повредена А.М.(2006) од с.Брњарци-Скопје, со прострелна рана во пределот на рамото.
Настанот по кажување се случил на 04.08.2015 година околу 16,00 часот додека истата играла во дворот на семејната куќа.
По извршената интервенција зрното било извадено, а лицето задржано за понатамошно лекување.