За денеска издадено е и предупредување од портокалова фаза во половина од Македонија.
Се очекува да наврнат дополнителни над 30 л/м2 воден талог, особено во западните и југозападните делови на Македонија. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Највисоката температура ќе достигне до 22 степени
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, повремено ќе бидат проследено со грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Врнежи од дожд ќе има и в петок, но со послаб интензитет и повеќе ќе бидат локализирани, а кон крајот на денот постепено ќе престануваат.
Потоа следува период на стабилизирање и постепено затоплување на времето.