Портокалов аларм во Македонија – Подгответе се за невреме вечерва


За денеска издадено е и предупредување од портокалова фаза во половина од Македонија.

Се очекува да наврнат дополнителни над 30 л/м2 воден талог, особено во западните и југозападните делови на Македонија. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Највисоката температура ќе достигне до 22 степени

Screenshot_59

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, повремено ќе бидат проследено со грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Врнежи од дожд ќе има и в петок, но со послаб интензитет и повеќе ќе бидат локализирани, а кон крајот на денот постепено ќе престануваат.

Потоа следува период на стабилизирање и постепено затоплување на времето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1