Комунике со закани кон населението во Македонија и политичарите, потпишано од извесен командант Куштрими, деновиве беше објавено во косовски медиуми. Во комуникето ОНА ја превзема одговорноста за нападот што беше извршен врз станбена зграда во комплексот „Соравиа“ на Водно. Притоа се наведува дека нападот бил насочен против инспектор Ариф Асани, кој во коминикето е опишан како „издајник на албанскиот народ“.
ОНА –Главен штаб на ОНА
Комунике( Соопштение)
Со одлука на главниот штаб на ОНА на 28.09.2015 во 17:45 успешно е извршена акција на специјалната единица на ОНА во гнездото на злоделата над албанското население во МВР и околината, испукани се 12 гранати како продолжение на нападот од 27 09.2015 над инспекторот Ариф Асани – издјаник на албанскиот народ.
Никола Груевски, Сашо Мијалков и сите тие што помагаат против албанскиот народ сега веќе имаат причина за да се плашат за нивната и безбедноста на нивните деца од единиците на ОНА кои се способни за реализација на задачи во секој град од Македонија.
Бараме ослободување на затворениците на ОНА кои се уапсени со политички монтирани процеси од 2003, сè до последниот трагичен настан во населбата на јунаците (Дива Населба) во Куманово.
Проценувајќи ја ситуацијата, зголемена е подготвеноста на сите единици на терен за да се стават во одбрана на албанскиот народ од секаков напад кој им се врши.
Даваме до знаење дека нашите напади ќе се пренесат во територии населени со славо македонци.
Бараме освестување на славо македонската популација да не ги поддржи нивните националистички партии кои го напаѓаат албанскиот народ со нивните механизми, во спротивно и вие ќе бидете цел на нашите безбројни активности од единиците на ОНА, наблудувачко диверзантски Авни Рустеми и Тели 69.
ОНА нема да се демобилизира
Командант Куштрими