Серија земјотреси рано утринава предизвикаа паника кај дел од жителите на Балканскиот Полуостров откако почнале да се тресат подрачјата покрај Јадранското море, пред се Албанија и Словенија со земјотреси од 5 степени по Рихтер.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово, на 01.11.2015 год., во 07 часот и 26 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓаат во соседна Албанија, 110 km југозападно од Скопје.
Според досегашните макросеизмички податоци, овој земјотрес е почувствуван во делови од Р. Македонија, односно во Дебар со интензитет од V степени, Скопје и Тетово со интензитет од III-IV степени и Охрид и Битола со интензитет од III степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998 – соопштија од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
И вчера имаше потрес во Албанија кој беше почувствуван во Дебар.
Освен Албанија се тресеа и подрачјата на Црна Гора, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и дел од Турција.
Најсилниот земјотреси рано утринава бил почувствуван во Албанија со ајчина од 4,9 степени по рихтеровата скала
Земјотресите подоцна продолжиле на територијата на Словенија, во близина на нуклеарната централа во Кршко, а интезитетот бил 4,8 степени. Потресот бил почувствуван и во други делови од земјата, како и делови од Италија и Хрватска.
Тресења биле почувствувани и на границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина и тоа со интензитет од 3,3 степени според Европската макросеизмичка скала.