Пекарата „Кај Македонецот“ во Каргуевац, од први ноември откако почна со работа, секојдневно бесплатно дели по еден оброк за трудници.
Сопственикот на пекарата, Славољуб Тотиќ од Скопје, во изјава за Танјуг изјави дека кај Македонците е традиција да се поклонува за да тргне работата.
-Одлучив по еден бесплатен оброк да им делам на трудниците, затоа што од медиумите се информирав дека Србија има проблем со наталитетот, па така на овој начин сакав да го дадам својот придонес, изјавил Тотиќ.
Инаку, како што вели тој, во пекарата секојдневно тој оброк го користат 10 до 15 трудници.