Рускиот авион го урнал свештеник?


Шефовите на разузнавачките служби веруваат дека авионот кој се урна во Египет минатиот викенд е соборен со бомба која ја подметнале членови на огранокот на Исламската држава, познат како „Синајската провинција“, а која ја предводи египетскиот свештеник Абу Осама ал-Масри.

Тој направил пакт со ИСИС минатата година во Сирија. Претставници на Вајтхол овој викенд потврдиле дека Масри е „личност од интерес“ и дека Британија ќе им помогне на Египет и Русија да го „убијат или уапсат“ мисионерот.

rusija avio22

Тоа би можело да значи и распоредување на САС во Египет, пренесува „Sunday Times”. Масри во видео изјава ја превзел одговорноста за урнувањето на рускиот авион минатата среда, кога премиерот Дејвид Камерон најави суспензија на британските летови.

Портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков им потврдил на новинарите дека Велика Британија и предала на Русија одредени податоци за урнувањето на рускиот авион на Синај. Тој одбил да открие повеќе детали, тврдејќи дека не му се познати.

Од истите причини, не сакал да каже дали тоа влијаело на Русија да ги запре летовите за Египет. Тој одбил да го коментира тоа што египетските истражувачи почнале да го разгледуваат терористичкиот напад како главна причина за несреќата.

Американската телевизија CNN наведува дека некои разузнавачки податоци за несреќата стигнале од израелската разузнавачка служба, додавајќи дека американски функционер рекол дека тие податоци ги добиле од дипломатски извори. Израелските официјални лица не ги потврдиле тие тврдења.

Египќаните навеле само дека се верува дека за урнувањето на авионот најверојатно е виновна бомба, врз основа на комуникацијата на оперативците на ИСИС на Синај, кои после несреќата, ги пресретнале американските и британските разузнавачки служби. Тимот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство денес извршува инспекција на меѓународниот аеродром во Каиро.

Се проверува безбедноста и ракувањето со багажот. Таа контрола била закажана уште пред 31 октомври, кога се урна рускиот авион на Синај, во кој загинаа 224 луѓе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1