Посебната мобилна едница на полицијата за борба против криминалот – “Алфа“, во текот на минатиот месец, легитимирала 556 лица, прегледала 53 возила, а по разни основи приведени се вкупно 248 лица, информираат од МВР.
По основ на телеграма приведени се – 54 лица, по по барање на суд – 20 лица, под сомнение за извршено кривично дело – 36 лица, по извршено кривично дело – 16 лица, на лице место во вршење на кривично дело – четворица, за утврдување идентитет – пет лица за издржување на казна затвор – 9 лица.
приведени се 17 за учество во тепачка,
нарушување на јавниот ред и мир 6
34 лица биле приведени за поседување опојни дроги. Алфите имале и два случаи на приведување лица со оружје
– Пиштол – 1
– Автоматска пушка – 1
При претреси пак алфите пронашле автоматска пушка, 25 светлечки куршуми;