Страшна сообраќајна несреќа вечерва ја потресе Македонија во која најмалку едно лице загина, а четворица се тешко повредени и пренесени на Ургентен, јавува Курир
![Фото - Ѕид на сообраќајниот срам](https://mkd-news.com/wp-content/uploads/2015/12/12341439_10201062295477094_7513827608405864603_n.jpg)
Фото – Ѕид на сообраќајниот срам
Тешката сообраќајна несреќа се случила во скопската населба Кисела Вода, кај Рампа. Неофицијално, едно лице е загинато, дедека други четири лица се пренесени во Ургентниот центар.
Во сообраќајката учествувале автомобил марка “лада“ со скопски регистерски таблички и патничко комбе со белградски таблички кои директно се судриле.
На лице место можат да се забележат две амбулантни возила и пожарникари кои се обидуваат да ги извадат телата на повредените.