Фифа и допингот: Сомнителни речиси третина од фудбалерите?


Околу 35 проценти од фудбалерите користат додатоци во исхраната, поради кои можат да „паднат“ на анти-допинг тестот, предупредува ФИФА.

Светската фудбалска федерација предупредува дека 35 отсто од играчите не ги користат советите на лекарите, и на своја рака зема додатоци во исхраната и поради тоа можат да паднат на анти-допинг тестовите.

„Општо е познато дека голем број од суплиментите имаат во себе недозволици супстанци, како на пример анаболички стероид. На основа на разни истражувања дојдовме до сознание дека околу 60 проценти од спортистите во САД, помлади од 16 години, секојдневно користат додатоци во исхраната, верувајќи дека на тој начин ќе ги зголемат своите перформанси“, изјавил шефот на медицинската комисија на ФИФА, Јирижи Дворак.

Тој додаде дека ФИФА издала предупредување до фудбалерите да не земаат суплименти кои не се одобрени од националната анти-допинг агенција.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1