Септември месец на дополнителни трошоци


Во почетокот на септември просечно четиричлено семејство ќе потроши многу пари, бидејќи освен секојдневните трошоци, се вклучуваат и трошоците за зимници, како и подготовка за новата учебна година.

Школскиот прибор, новата облека и сето она што подразбира подготовка за децата на училиште бараат навистина големо одвојување од домашниот буџет, а ако на тоа се додадат и цените на овошјето и зеленчукот за подготовка на зимница. Тогаш навистина септември се разликува од другите месеци по финансиските издатоци кои е неопходно да се направат.

Цените на школскиот прибор оваа година и не се така ниски
“ На крајот на месец август започна продажбата и во наредниов период очекуваме истата да се зголеми, со оглед на тоа дека ова е период кога учениците се информираат што им е потребно за во училиште па родителите тргнуваат во набавка.”  Вели  продавачка во една книжара.

-Најмногу се купува евтин прибор, а за поскапи работи се чека платата. Најголем трошок за родителите претставува купување на училишните чанти, токму затоа родителите го прошетуваат целиот град за на најдат што поевтини чанти.

Што се однесува до зимниците, домаќинките ќе бидат изненадени од високите цени на овошјето и зеленчукот кои се продаваат по тезгите на пазарите.

-Купувањето за зимница започна но количеството зеленчук кое го продаваме годинава е далеку помало за разлика од последниве неколку години. До пред три години дневно продававме и по 600 килограми зеленчук, а оваа година е многу послабо.- вели трговецот Амир Ходаилар.

-Продажбата е слаба, бидејќи сушата ги подигна цените, а народот нема пари да купува скап зеленчук. На слабата продажба исто така влијаат и високите температури кои предизвикаа страв кај домаќинките дека зимницата ќе се расипе.

Tags: , , ,

Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1