Насилните студенти во Тајланд ги испраќаат во воени кампови


Владата на Тајланд, соочена со се поголем број на насилства на факултетите во земјата одлучила да се пресмета со нив, а насилниците да ги праќа во воените кампови, северно од Банког.

Поради се поголемиот број на банди чии членови се студенти во факултетите и кои се вооружени со пиштоли, ножеви и рачно изработени бомби, улиците на Банког се изложени на секојдневен терор.

Припадниците на бандите сега се под присила да бидат испратени во герилскиот воен камп северно од Банког. Полицијата од Банког соопштила дека само оваа година биле забележани повеќе од 1000 улични пресметки во кои загинале неколку студенти и случајни минувачи.

– Десет проценти од студентите се агресивни кога доаѓаат во кампот, но и кога излегуваат од него не стануваат ништо подобри. Тие воопшто не го прифаќаат системот. Но за 90 проценти од нив ова ќе даде резултат дури и ако тоа значи да размислат пред да се впуштат во улична пресметка, изјавил заменикот портпарол на тајландската војска.

Во кампот на десет дневен курс учествуваат 150 студенти од 30 различни факултети. Некои од нив се приморани да го посетуваат поради своето насилно минато, додека пак некои се запишуваат доброволно. Тинејџерите во кампот се соочени со вистинска воена обука, вежби од областа на тимската работа и групни разговори.

– На почетокот тие вежбаат дисциплина – будење на време, оброци на време… Потешкиот дел е да се натераат да се почитуваат себе си, другите и општеството, опишува Виаг Кесуда, главен инструктор во кампот.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1