Жителите на еден град во Индијана кој беше силно погоден од рецесијата во 2008 година, сега може полесно да дишат, а работите би можеле да се движат многу поглатко, откако продуцентот Дејвид Гандлач, го оставил целото свое лично наследство на градската фондација, која се залага за округот.
Музеите, парковите и високите установи, сите ќе имаат корист од неговите 125,000,000 долари. Своето богатсво Гандлач го створил благодарение на една осигурителна компанија во странство.
Неговиот финансиски успех започна со филмската продуценска компанија во Лос Анџелес, а траеше се до минатата година пред да почине од ненадеен срцев удар на возраст од 56 години. Неговиот прв продукт беше награденото филмско дело „Get Low“, во кои главните улоги ги толкуваат Роберт Дувал и Бил Мареј.